Балдахин и винтиџ детали: Во стилскиот дом на Илариа Кирилов од Куманово (фото)
- Детали
- вторник, 05 мај 2020
Во домот на Илариа доловен е гламурот од минатото со помош на кадифени перничиња, винтиџ ламби, рачно резбани парчиња мебел и огледала со рамки од масивно дрво.
Илариа Кирилов од Куманово е 22-годишна студентка на Факултетот за моден дизајн и уметност, која во слободно време се занимава со моделинг.
Нејзиниот дом во Куманово е уреден во впечатлив винтиџ стил. Во него има рачно резбан мебел обложен со кадифе и кревет со балдахин, кои со себе го носат гламурот од минатото.
За својот дом Илариа вели:
„Мојот дом е место каде што смеењето и доброто расположение се најчесто присутни. Тука ја наоѓам среќата и топлината.
Да, семејството го прави домот. Местото каде што секој предмет што е ставен со многу љубов зборува колку тоа место е посебно. Каде и да одам , што и да правам на крајот на денот ми е потребен мојот дом.
Место каде што наоѓам мир, каде што постојат спомените од моето детство, место каде што некој ме чека.
Потекнувам од семејство во кое смислата за убаво е присутна во сите пори на животот. Во уредувањето на домот, во начинот на исхрана и, се разбира, во мојата идна професија.
Омилено катче ми е работната маса, тука влегувам во мојот омилен свет. Светот на дизајнот и модата. Моментов кој го живееме ќе има сигурно многу негативни последици, но кај мене имаше позитивен ефект.
Уживам во малите секојдневни работи што значат живот. Готвењето, декорирањето, поминувањето многу повеќе време со семејството, тоа е она во кое наоѓам вистинско задоволство.“
Во домот на Илариа Кирилов:
С. С. | Црнобело