Мала тура низ раскошната вила на Кајли Џенер во Лос Анџелес (фото)
- Детали
- среда, 04 септември 2019
Кајли Џенер е милијардерка која ужива во скапите работи, па не е ни чудно што има потрошено цело богатство на нејзиниот огромен дом.
Сепак, Кајли ретко споделува фотографии од нејзината вила во Hidden Hills, Лос Анџелес бидејќи сака да си ја зачува приватноста. Но таа има направено фотосесија со весникот Architectural Design во нејзиниот дом, па имате можност да си направите мала тура низ вилата.
Вилата е лоцирана во близина на домовите на семејството на Кајли, вклучувајќи ја и нејзината мајка Крис Џенер. Кога прв пат го купила домот, Кајли била толку млада, што уште немала дозвола да купи алкохол.
Во врска со нејзиниот дом, таа изјавила дека сакала нешто свежо што ќе покаже како се чувствува. Навистина ја сакала розовата боја, па умешно ја вклопила во целиот ентериер.
Бидејќи гардероберот и собата за шминкање ѝ значеле многу и бидејќи поголемиот дел од времето го минувал во нив, сакала да бидат совршени.
Погледнете како изгледа раскошниот дом на младата Кајли.
Спирова С. | Црнобело