Диско топка, шипка за играње – Како изгледа заедничкиот дом на сестрите Кара и Попи Делевињ?

26-годишната актерка и модел Кара решила да ѝ го покаже на јавноста својот дом што го дели со сестра ѝ Попи. За септемвриското издание на магазинот Architectural Digest, Кара и сестра ѝ направиле фотосесија во нивниот навистина необичен дом.

disko-topka-shipka-za-igranje-kako-izgleda-zaednichkiot-dom-na-sestrite-kara-i-popi-delevinj-1.jpg

Од флипери и тропски бар, па сè до соба за забава, нивната куќа е навистина интересна комбинација од ретро стил, светли бои, но и многу растенија.

Сестрите Делевињ се прославија во светот на модата пред неколку години, кога Кара, постарата, учествуваше во кампањата на Burberry од 2011-та година. И Попи има соработувано со британскиот бренд, но и за многу други познати имиња како Louis Vuitton.

Кара изјавила дека Лос Анџелес може да биде навистина осамено место, па токму ова ги натерало сестрите да живеат заедно.

„Бидејќи секоја од нас секогаш доаѓа овде за некоја причина, има смисла да бидеме заедно кога сме тука. Ова ни беше шанса да ја изградиме нашата сестринска куќа од соништата.“

Резултатот е вила на два ката со живи бои и дезени, и ентериер дизајниран од имиња како Serena & Lily, Donghia и Bakarian Studio.

Сестрите ги покажале и нивните спални соби, што зборуваат за нивните различни вкусови. Додека спалната на Попи има тропски дезени, спалната соба на Кара изгледа малку „помрачно“.

Во нивниот дом има и посебна соба за забава, опремена со шипка за играње, диско топки и огледало на таванот.

Кара изјавила и дека Попи е таа со подобар вкус, па ѝ дозволила таа да го води уредувањето.

Без сомнение, домот на сестрите изгледа како вистинско уметничко дело:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg