Ресортот во кој милијардерите одат да одморат од милионерите
- Детали
- вторник, 25 јуни 2019
Како одмораат милијардерите? Малку познатиот, неверојатно луксузен ресорт на Карибите е одговорот.
Mandarin Oriental хотелот сместен на Карибите нуди различни видови на вили, соби, погледи и ентериери, за милијардерите да одберат каде би оставиле мал дел од своето богатство.
Во ресортот се вложени околу 120 милиони долари, а еден обичен коктел чини околу 24 долари.
Ноќевање во „најобична соба“ чини 1.350 долари, додека ако сакате луксузен апартман со поглед на вода ќе мора да одвоите над 6.000 долари од ноќ.
Ресортот е попознат и како „местото каде милијардерите одат да одморат од милионерите“, со оглед на тоа што само малкумина можат да си го дозволат.
Меѓу нив досега биле и принцот Хари, Доналд Трамп, Бил Гејтс, Роберт Дауни Џуниор...
Како изгледа ресортот и егзотичната природа наоколу?
М. Д. | Црнобело