По мерка за романтична двојка: Мини стан од 35 метри квадратни (фото)
- Детали
- сабота, 15 јуни 2019
Ентериерот е мал, но исклучително функционален, а посебен шарм во просторот внесуваат виолетовите детали во нијанса на лаванда.
Реновирањето и уредувањето на дом со скромна површина не е никогаш едноставна задача. За да ги оствари желбите на младиот пар што живее во него, дизајнерката Ана Серафин следела неколку класични правила, како што се изборот на бои и дезени за ѕидовите и подовите, текстурите и примена на мултифункционален мебел.
Станува збор за еднособен стан каде кујната е претворена во спална соба, а големата слободна зона станала катче за социјализација.
Ја сочинуваат дневниот престој, кујната и трпезаријата кои комуницираат во отворен распоред. Компромисите се евидентни, особено во спалната соба.
Во ходникот е обезбедено дополнително место за складирање, додека сиот мебел е изработен по мерка, така што просторот е комплетно искористен.
Доминатна е белата боја, која и визуелно го зголемува амбиентот, а виолетовите детали во нијанса на лаванда се провлекуваат како стилска нитка што му дава посебен шарм.
Од галеријата во продолжение, погледнете како мини станот од 35 метри квадратни, скроен е по мерка за романтична двојка:
М. А. | Црнобело