Airbnb овозможува престој во стилски реновираниот автобус од Spice World за 130 долари од вечер (фото)

Оригиналниот Spice автобус од филмот Spice World е целосно трансформиран  и стилски уреден, по што се изнајмува на Airbnb за 130 долари од вечер.

airbnb-ovozmozhuva-prestoj-vo-stilski-renoviraniot-avtobus-od-spice-world-za-130-dolari-od-vecher-foto-01.jpg

Автобусот од Spice World филмот од 1997-ма е комплетно реновиран и претворен во стилски апартман, а за тоа е заслужна девојка која е огромен фан на Spice Girls.

„Spice Girls ми беа опсесија во детството и филмот Spice World сигурно го имам гледано повеќе од 100 пати. А искрено, како што растев, мислам дека не ја надраснав љубовта кон нив. Кога мојот шеф спомна дека сака да го купи Spice автобусот, очајно сакав да бидам дел од реновирањето што ќе го претвори автобусот во дом.“ – изјавила девојката.

Автобусот е уреден со неколку кино седишта, голем телевизор и неонски светла со натпис „Girls Power“.

airbnb-ovozmozhuva-prestoj-vo-stilski-renoviraniot-avtobus-od-spice-world-za-130-dolari-od-vecher-foto-02.jpg

Спална соба, тепих со животински принт, многу пернички, мини дневен престој, маса за јадење, диско топки, списанија од ’90-ите и ЦД-иња и уште многу други работи кои ќе ги вратат назад во времето сите оние кои ќе престојуваат во него.

airbnb-ovozmozhuva-prestoj-vo-stilski-renoviraniot-avtobus-od-spice-world-za-130-dolari-od-vecher-foto-03.jpg

Автобусот, уреден како стилски апартман, ќе биде поставен летово во Лондон, а ќе може да се изнајми на Airbnb за 130 долари од вечер.

Гостите во него ќе мора да се придржуваат до следниве правила:

  • Забранети се миленичиња
  • Максимум број на гости – 3
  • Забрането е пушење
  • Дрес код – мода од ’90-ите
  • Пожелни се селфи фотки на возачкото седиште
  • Потенцирање на женска моќ 

Би престојувале ли во ово „Spice апартман“?

airbnb-ovozmozhuva-prestoj-vo-stilski-renoviraniot-avtobus-od-spice-world-za-130-dolari-od-vecher-foto-04.jpg

airbnb-ovozmozhuva-prestoj-vo-stilski-renoviraniot-avtobus-od-spice-world-za-130-dolari-od-vecher-foto-05.jpg

airbnb-ovozmozhuva-prestoj-vo-stilski-renoviraniot-avtobus-od-spice-world-za-130-dolari-od-vecher-foto-06.jpg

airbnb-ovozmozhuva-prestoj-vo-stilski-renoviraniot-avtobus-od-spice-world-za-130-dolari-od-vecher-foto-07.jpg

airbnb-ovozmozhuva-prestoj-vo-stilski-renoviraniot-avtobus-od-spice-world-za-130-dolari-od-vecher-foto-08.jpg

airbnb-ovozmozhuva-prestoj-vo-stilski-renoviraniot-avtobus-od-spice-world-za-130-dolari-od-vecher-foto-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
Винтиџ кафуле во Скопје, со грамофон и телефонска говорница, ја враќа магијата на минатото (фото) Место за сите романтичари кои чувствуваат носталгија за минатото, место каде има...
На гости кај Маги Медичи: Стан во Скопје со ретро современа естетика и готски призвук (фото) „Во мојот дом ве пречекуваат топли, кремасто-жолти ѕидови, кои рефлектираат свет...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
Џенифер Гарнер го покажа домот каде што Бен Афлек „се криеше“ пред разводот со Лопез - оаза од 8 мил... Гарнер ја изгради куќата во Лос Анџелес по разводот со Афлек пред 6 години - ток...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg