Најслатката продавница во Лондон нуди уникатни сладоледи обвиени со шеќерна волна (фото)
- Детали
- понеделник, 18 март 2019
Доколку вашето омилено јадење е сладолед (да, нè има и такви), многу веројатно е дека новата слатка продавница во Лондон ќе стане местото од вашите соништа.
Milk Train (Млечен воз) е името на најслатката продавница за сладолед лоцирана во Ковент Гарден. Лондон уште еднаш докажува зошто е ставен на листата на најпосакувани патувачки дестинации, токму поради овие инвентивни и неодоливи локали.
Сладоледите се обвиени во облачиња од шеќерна волна со најразновидни додатоци. Ентериерот на продавницата е подеднакво одличен како и изгледот на сладоледите.
„Млечниот воз“ нуди многу различни вкусови, слатки и солени, кои постојано се менуваат и надградуваат согласно вкусот на купувачите. Некои од најинтересните вкусови воопшто не можете да ги поврзете со сладолед, како црно семе, виолетов сладок компир, млеко од роза итн.
Постојат и многу опции без млеко за оние кои се нетолерантни на лактоза. Веројатно, најголемиот предизвик е да се остане само на еден изеден сладолед:
(О)Милена | Црнобело