Летна оаза на тркала за смирување нерви (фото)

Tin Can Homestead е името на проектот кој го реализирале Наташа Лоер и Брет Бејшо, кои откако поминале неколку месеци патувајќи со приколка, сфатиме дека животот во мал минијатурен дом е вистинскиот избор за нив.

Letna-oaza-na-trkala-za-smiruvanje-nervi-01.jpg

Тие го купиле приколката марка Sovereign на старо, чие производство датира од 1971 година, за помалку од 5 илјади долари.

Полека, но сигурно, го трансформирале малиот простор во прекрасен и удобен дом со многу опуштени позитивни вибрации.

По фотките ќе забележите дека изгледа скоро нереално, исполирано и доведено до совршенство, како штотуку закачено на Pinterest.

Комбинацијата на многу зелени декоративни растенија и светло дрво го прави овој необичен мал дом на тркала уште попривлечен.

Светло и префинето, излезено како од соништата, парот успеал да ја продаде реновираната приколка во рекордно брзо време за прилично висока цена, преминувајќи на следниот возбудлив проект.

Прашањето е – кој не би сакал да живее во оваа прекрасна „конзерва“?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди ч... „Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат ша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg