Индустриски ентериер обоен со природни елементи од кој ќе ви застане здивот
- Детали
- сабота, 30 јуни 2018
Индустрискиот дизајн кој е особено популарен последниве неколку години во внатрешното уредување на просторот, неретко умее да биде ладен и да не рефлектира доволно светлина во домот.
За среќа, кога истиот е надополнет со природни елементи како дрво, многу саксиски растенија, коноп или јаже и меки органски ткаенини, истиот делува побогато, посмирувачки, едноставно зен.
Рецептот за успешна симбиоза на строгиот индустриски дизајн со природата очигледно најдобро го знае Џудит, 40-годишна дизајнерка на внатрешен ентериер од Холандија. Таа стои зад брендот huizedop, а нејзиниот Инстаграм е толку инспиративен, што инстантно ќе посакате да направите промена во домот.
Обидете се да не се вљубите премногу во нејзиниот стил на уредување и секако, земете длабоко воздух, следува доза на неверојатна префинета убавина:
(О)Милена | Црнобело