Спој на вино боја и дрво: Модерен стан кој зрачи со топлина (фото)

Ви ги отвoраме вратите од еден гостопримлив дом, каде богатите тонови и раскошните текстури се синоним за убаво поминати мигови.

spoj-na-vino-boja-i-drvo-moderen-stan-koj-zrachi-so-toplina-foto-1.jpg

Кога говориме за комфорни и топли ентериери, ретко кој стан го добива таквиот опис, доколку во поголемиот дел од внатрешноста нема елементи од дрво, раскошни ткаенини како сомот или кадифе, но и совршено избрани нијанси. Севкупно, тие се најзаслужни за посебната атмосфера, којашто повеќето луѓе ја посакуваат во своите домови.

Таков пример е и станот кој ви го прикажуваме во продолжение. Лоциран е во Киев, Украина, а идејното решение е на архитектката Alesya Kasianenko. Стилизиран е богато и комфорно, со раскошни текстури, но и деликатна комбинација на загасити црвени и сиви тонови во дизајнот. Шемата на бои создава драматична атмосфера, а на просторот му дава луксузен ефект.

Во дневниот престој, вниманието го привлекува впечатливиот акцентиран ѕид, чија површина внесува дополнителна текстура во ентериерот. Kујната и спалната соба се во контраст со остатокот од станот, па за разлика од дневната соба и трпезаријата, тие во целост се уредени со мебел во бела боја.

Рустичните допири, како што се плетените лустери во трпезаријата, или, пак, целиот ѕид покрај трпезариската маса, кој е прекриен со делови од дрвени трупчиња - претставуваат противтежа на модерните елементи, правејќи го станот уште попривлечен.

А, спалната соба е посебна приказна. Таа воодушевува со нејзиното уредување, кое изгледа нежно и снежно, благодарение на деталите, како што се матираното стакло, геометриските висечки фотелји, или, пак, креветот кој се вовлекува во белата подна платформа. Вистински рај за сонувачите, зар не?

Ѕирнете низ собите на овој прекрасен дом и почувствувавајте ја неговата чудесно пријатна енергија:

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
Во домот на Марија и Сашо во Кавадарци: Стан од 75m2, со многу саксиски цвеќиња, кој од корен го пре... „Неисполнетата желба за прозорци без завеси и поглед од високо, ја компензираме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg