Еко дом што се поставува за само 6 часа на која било локација (фото)
- Детали
- среда, 22 ноември 2017
Едноставен екстериер и луксузен ентериер, сето тоа во согласност со природата и за пристојна цена.
Во време кога цените на недвижнините достигнуваат вртоглави суми, Италијанецот Ренато Видал дизајнираше брилијантна алтернатива на традиционалниот дом.
„M.A.Di.“ е линија на домови за склопување. Стандардната големина на домот чини 28.000 евра и се поставува за само шест часа.
„M.A.Di.“ домовите се сертифицирани како сеизмички безбедни и создадени со висококвалитетен материјал.
Доаѓаат во различни големини, а во сите основни модели има бања, кујнски приклучоци, скали и техничка инсталација. Домот има и соларни панели и ЛЕД сијалички.
Ви дава безбедна и пријатна атмосфера, соодветна за вашите потреби. Не мора да биде ставен врз подлога од бетон, па затоа е одличен за околината.
Однадвор изгледа како обична куќа, но ентериерот е комплетна спротивност. Има отворен план со модерно уредување.
Ѕирнете во овој мал и едноставен, но совршено опремен и функционален дом:
С. С. | Црнобело