Вистинско бегство: Модернистичка колиба од 55 м2 во шума во Шведска
- Детали
- сабота, 18 ноември 2017
Совршен начин за бегство од урбаната џунгла, спој со дивината и вистинска релаксација.
Ако сакате хотел во кој може да се избегате од сè и да го одморите мозокот, тогаш една данска компанија го има решението за вас.
Таа прави колиби на локации со прекрасна природа. Една од нив е „Vipp Shelter“.
Оваа колиба од 55 метри квадратни е направена среде шума во Шведска и изгледа како мало засолниште.
Изградена е од метал, дрво и стакло и тука можете да имате појадок со најубав поглед на светот, да уживате со чаша шампањ покрај каминот или да си приготвите вечера во комплетно опремената кујна. Во ентериерот на колибата доминира црната боја.
Во близина се наоѓа езерото Immelm, кое е одлично за возење со кајак и воодушевува со малите заливи и острови низ него.
Зарем оваа колиба не е совршено место за полнење на батериите?
С. С. | Црнобело