Рај за сите вљубеници во пишаниот збор: Спиење во полици за книги во хостел во Токио

Зарем постои нешто подобро на светот од излежување во креветот со добра книга? Па можеби има - излежување обиколен со добри книги во кревет во вид на полица.

raj-za-site-vljubenici-vo-pishaniot-zbor-spienje-vo-polici-za-knigi-vo-hostel-vo-tokio-01.jpg

Не, ова не е само луд сон – Токио ви го овозможува тоа. „Book and Bed Tokyo“ е јапонски синџир на хостели, кој има кревети вградени во полиците за книги и е совршен за сите вљубеници во пишаниот збор.

Главниот хостел од синџирот се простира на 5.000 квадратни метри и има 3.200 книги. На другите три локации во хостелите има по 1.500 книги.

Поголемиот дел од книгите се на англиски јазик, но има некои наслови на јапонски. Без разлика дали ви треба роман, кулинарска книга или пак водич низ Јапонија, тука ќе пронајдете сè.

Грабнете книга од полиците и однесете ја со себе во кревет. Во оваа атмосфера сигурно за миг ќе успеете да отпатувате во светот на книгата.

Во ентериерот на хотелот има и светилки накитени со книги, како и цели ѕидови од книги.

Ѕирнете во рајот за сите вљубеници во книгата:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на битолчанецот Сашо на Флорида: Куќа со базен, 5 спални соби и околу 400 растенија „Ова е голема куќа со 5 спални соби, гаража за 3 возила, посебна просторија за д...
Во домот на Ангела во Скопје: Светли бои и винтиџ бебешко креветче кое го користел и нејзиниот сопру... „Детската соба за ќерката ја уредувавме сами, во време на короната - еден д...
Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мура... „Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходни...
Локал во Скопје со шмек на Амалфи: Лимони, весела атмосфера за уживање и топ Инстаграм фотки (видео) Breadway Taste Gallery во центарот на Скопје, локал кој неколкупати во годината ...
6 нови кафулиња во Скопје, за сите вљубеници во кафето Некои од нив се штотуку отворени, други своето постоење го бројат во месеци, но ...
Ново кафуле во Старата скопска чаршија со розови прозорци и шарени пијалаци (фото) Ако сакате слатки работи, тогаш новото шарено кафуле во чаршија со уште пошарени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg