Топол амбиент и пастелни бои: Во домот на модната блогерка Сузи Боналди
- Детали
- петок, 27 октомври 2017
Една од предностите на социјалните мрежи е тоа што претставуваат непресушен извор на инспирација за сè што нè интересира.
Ако сте љубители на мода, убавина и убаво уредени простори, можеби ја знаете блогерката Сузи Боналди, која стои зад блогот Hello October.
Сузи работи како блогерка за мода и убавина уште од 2011-та, но од неодамна почна повеќе внимание да посветува и на теми од животниот стил и уредувањето.
Нејзиниот дом е вистинско женско царство во кое доминираат пастелните нијанси на розова и сина боја. Уреден е минималистички и има топол амбиент со внимателно одбрани детали.
Инспирирајте се од фотографиите во продолжение:
М. В. | Црнобело