Женствен стил во 36m²: Мини стан за млада и урбана дама
- Детали
- среда, 04 октомври 2017
Наспроти скромната површина, ентериерот има сѐ што ѝ е потребно на една динамична градска девојка, која го цени своето време и комфор.
Кога се малите простори во прашање, веќе одамна сфативме дека димензиите не се никаква пречка да имате убав и пријатен дом. Со малку креативност и мудро планирање на распоредот, ништо не е невозможно.
Станот кој ви го претставуваме во продолжение е одличен пример како да „спакувате“ многу стил и елеганција во само 36 метри квадратни.
Станува збор за наменски уредено катче за млада и урбана дама, каде не се правени никакви компромиси кога се естетиката и удобноста во прашање. Наместо тоа, неговиот дизајн се одликува со мноштво мудри решенија за складирање, а самиот простор е поделен на две зони.
Дневната соба, трпезаријата и кујната сочинуваат една отворена целина која комуницира со ходникот, додека спалната соба е засебна, обезбедувајќи ѝ ја потребната интима на станарката. Најголемата предност на целокупниот ентериер е неговата компактност. Притоа, станот не воопшто задушен или пренатрупан со предмети.
А, како шлаг на тортата е романтичната тераса, која оди во комбинација со станот. Па, што повеќе да посакате? Се чини дека е невозможно е да пронајдете попријатен и пофункционален дом за дадената површина.
Ѕирнете што се крие зад неговите врати и украдете некоја идеа и за вашиот животен простор:
М. А. | Црнобело