Хедонизам на ниво: Вечера во Диоклецијановата палата во Сплит
- Детали
- понеделник, 14 август 2017
Замислете си вкусно гастрономско уживање во опуштен амбиент на прекрасна историска градба, блиску до Јадранското Море.
Новоотворениот ресторан „ЗОИ“ го нуди токму тоа. Сместен во просторот на јужниот ѕид на познатата Диоклецијанова палата во Сплит, овој ресторан е создаден за вистински хедонисти.
Менито нуди врвни специјалитети придружени со прекрасни хрватски вина. Далматинската страст и духот на Медитеранот се присутни како во храната, така и во уредувањето. Просторот претставува одлично дизајнерско место со модерни детали.
Самата палата е изградена во Римски стил на архитектура, а ресторанот го надополнува овој изглед со современи парчиња мебел и интересни детали. Терасата нуди прекрасен поглед кон преубавиот Сплит, а дополнително уживање претставува близината на Јадранското Море.
Погледнете ги фотографиите од овој одличен ресторан создаден за вистинско уживање:
М. В. | Црнобело