Лето во домот: Дневни соби инспирирани од морето
- Детали
- четврток, 06 јули 2017
Летото е идеално време за мали измени во домот во склад со топлите, сончеви денови. Дневната соба е местото каде најчесто престојуваме во текот на денот.
Ако сакате да внесете морски дух во просторот и да се чувствувате како да сте некаде на море, а не дома, наредете перничиња во сини, бели или тиркизни нијанси или со интересни морнарски мотиви.
Можете да додадете слики со морска тема, како на пример некоја плажа или зајдисонце, или пак на полиците да наредите ваши рамки со фотографии од некој одмор.
Украсите кои се типични за летото - школки, камчиња, бротчиња, вазни со свежо цвеќе, исто така ќе создадат убав, летен амбиент.
Инспирирајте се од фотографиите од дневни соби уредени во морски стил и „украдете“ некоја идеја.
М. В. | Црнобело