Најлуксузниот апартман на светот се наоѓа во Женева (фото)
- Детали
- сабота, 01 јули 2017
„The Royal Penthouse Suite“ апартманот во хотелот „Hotel President Wilson“ во Женева е еден од најголемите во Европа со 1.680 квадратни метри и еден од најлуксузните во светот.
Досега го посетиле многу претседатели на држави и познати личности. Тој дури ја има добиено наградата „World’s Leading Hotel Suite“.
Се наоѓа на осмиот, последен кат од хотелот и има панорамски поглед на Женевското Езеро, кој го одзема здивот. Тој ги задоволува критериумите и на најпребирливите гости и има 12 луксузни спални со тоалети со мермер и џакузи со поглед на езерото, сауна, трпезарија за 26 луѓе и многу други погодности.
Во апартманот има еден од најголемите ТВ екрани на светот, пијано, билијард, колекција антички книги, уметнички дела и приватен фитнес центар.
Во секој поглед ќе добиете максимален луксуз во овој високо обезбеден апартман со прозорци отпорни на куршуми, сефови, копчиња за паника и приватен лифт.
Едно ноќевање во овој апартман во Женева чини дури 81.000 фунти од ноќ.
С. С. | Црнобело