Канцеларија каде работните часови поминуваат брзо
- Детали
- понеделник, 22 мај 2017
Канцеларијата на компанијата „Metromile“, сместена во Бостон, обединува две културолошки средини со енергична и разиграна софистицираност.
Од една страна, тоа е богата и историска естетика на „New England“, а od друга страна, е иновативната енергија на Силициумска Долина („Silicon Valley“).
При реновирањето на зградата изградена во 19-ти век, воведени се топлина и мекост на просторот, со паметно и внимателно одбрани бои и мебел.
Во согласност со канцелариите на седиштето на компанијата, сместено во Сан Франциско, вметнати се елементи кои асоцираат на делови од автомобили и автомобилско искуство, за да се креира еден иновативен канцелариски простор кој инспирира.
Стаклените ѕидови, големото уметничко дело кое имитира модел на автомобил и ткаенината со пејзаж кој е инсириран од патување со автомобил - го обојуваат и делат целиот простор на засебни целини.
Деталите кои се поставени, придонесуваат со дополнителен шарм и разиграност на просторот.
С. У. | Црнобело