Конкуренција на хотелите: Најлуксузните авионски кабини

Со лични батлери и неверојатно луксузни услуги, тешко е да знаете дали во некои авионски компании се возите со авион или пак, можеби сте во хотелска соба.

najluksuznite-avionski-kabini-so-koi-isto-kako-da-ste-vo-hotel-01.jpg

Ова се некои од најекстравагантните авионски „апартмани“ на небо:

1. „Singapore Airlines“

„Singapore Airlines“ е првата и единствена комерцијална авиокомпанија кој веднаш може бизнис просторот да ви го претвори во брачен кревет.

Услуги: Гурманско мени, голема листа на вина, 23-инчен  LCD екран

najluksuznite-avionski-kabini-so-koi-isto-kako-da-ste-vo-hotel-1.jpg

2. „Etihad Airways“

Почнувајќи од декември, „Etihad Airways“ ќе понудат „резиденција“, односно комплетно приватен простор со 3 соби: една спална, тоалет и дневна соба.

Услуги: 32-инчен рамен екран, бања со туш, постелнина од египетски памук, личен батлер

najluksuznite-avionski-kabini-so-koi-isto-kako-da-ste-vo-hotel-2.jpg

3. „Air France“

Чиста, убава и елегантна. Кабината „La Premiere“ на оваа авиокомпанија има приватен гардеробер и дебела завеса за поголема приватност.

Услуги: Ламба за читање, 24-инчен екран на допир, седиште кое лесно се трансформира во кревет

najluksuznite-avionski-kabini-so-koi-isto-kako-da-ste-vo-hotel-3.jpg

4. „Qantas Airlines“

Кабините за прва класа на „Qantas Airlines“ располагаат со футуристичко уредување и луксуз. Имаат ротирачки седишта, па во еден момент можете да седите исправени, а во друг момент да се свртите и да легнете во удобен кревет.

Услуги: Седишта од овча кожа, екран на допир со 1.000 опции за гледање, предмети за лична хигиена и памучни пижами

najluksuznite-avionski-kabini-so-koi-isto-kako-da-ste-vo-hotel-4.jpg

5. „All Nippon Airways“

Првата поголема и луксузна кабина на оваа авиокомпанија ги нуди организацијата и комфорот кои се типични за Јапонија. Плус сите работи кои ги носите со себе ви се на допир од рака.

Услуги: „Angel Float“ меки перници, интернационален сателитски телефон, маса за вечерање, слушалки против бучава и 23-инчен LCD телевизор

najluksuznite-avionski-kabini-so-koi-isto-kako-da-ste-vo-hotel-5.jpg

6. „Asiana Airlines“

Првокласните кабини со две врати на „Asiana Airlines“ имаат личен 32-инчен телевизор и мени со опции за западна, корејска, јапонска или кинеска храна.

Услуги: Личен мини бар, сателитски телефон, „Bvlgari“ козметика, осветлување според расположение

najluksuznite-avionski-kabini-so-koi-isto-kako-da-ste-vo-hotel-6.jpg

7. „Emirates“

„Emirates“ се првата авиокомпанија која креираше луксузни првокласни кабини со лизгачки врати и со тоа тие се лидерите во луксузно патување. Но, услугата е она што го прави возењето со нив навистина посебно. Добивате пространа кабина која се претвора во кревет со душек.

Услуги: Минибар, прилагодлива маса, осветлување, личен плакар, телевизор на допир и оброци според вашите барања.

najluksuznite-avionski-kabini-so-koi-isto-kako-da-ste-vo-hotel-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest „Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сак...
Во домот на Ангела во Скопје: Светли бои и винтиџ бебешко креветче кое го користел и нејзиниот сопру... „Детската соба за ќерката ја уредувавме сами, во време на короната - еден д...
На гости кај Маги Медичи: Стан во Скопје со ретро современа естетика и готски призвук (фото) „Во мојот дом ве пречекуваат топли, кремасто-жолти ѕидови, кои рефлектираат свет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg