Глетката на Менхетн се менува: Се гради полукружен облакодер како од иднината
- Детали
- петок, 24 март 2017
Глетката на Менхетн ќе се промени за уште еден облакодер плус, но не обичен облакодер, туку таков од кој ќе ви се сврти во глава.
Неодамна беа јавно објавени планови за правење на првиот облакодер во форма на буквата „U“ во Њујорк - зграда која дефинитивно ги преминува границите на архитектурата.
„The Big Bend“ е амбициозен проект планиран од студиото „Oiio“, кое претходно било конфронтирано со градските рестрикции за употреба на земјата.
„Ако успееме да ја искривиме нашата структура, наместо да се соочуваме со зонските правила на Њујорк, тогаш сигурни сме дека ќе ја креираме една од најпрестижните згради во Менхетн“ - се вели на официјалната страна на студиото.
Ако планот биде успешно извршен, „The Big Bend“ ќе ја надмине Бурџ Калифа во Дубаи и ќе стане најдолгата зграда во светот.
Инаку, еден од поинтересните проблеми е како да направат лифтот да преминува од едната во другата зграда. Сега за сега, очекуваат да изгледа слично на ролеркостер.
Н. Г. | Црнобело