Животот во минимализам е поубав (фото)
- Детали
- недела, 08 јануари 2017
Минимализмот како тренд се наметна речиси во сите култури, па не е ни чудо што архитектите често го користат како мотив за ентериерно уредување.
Овој стан од 60м2 ќе ве освои со својата едноставност и пријатна атмосфера.
Ентериерот во дневната соба се состои од целосно неутрални бои, како бела, светло сива и една интересна нијанса на кафена, додека пак подот и делови од ѕидовите, се разликуваат со темно кафени бои.
Просторот е исполнет со соодветни геометриски форми, а динамичните промени на боите создаваат еден посебен ритам, кој сигурно ќе го импресионира секој гостин на овој дом.
За кујната е избран бел под, кој придонесува за визуелно зголемување на просторот, а проѕирните високи столчиња се одличен детаљ во кој ќе се вљубите.
Силен впечаток остава и добрата поделба на станот, односно јасното издвојување на главните зони една од друга. Интересна и необична е употребата на стаклен „ѕид“ за одвојување на спалната од дневната соба.
Спалната соба е направена во истиот едноставен стил, како и остатокот од станот, што го обезбедува потребното спокојство за сопствениците.
За бањата е избрана нежна и светла нијанса на портокалова боја, која надополнета со дрвените елементи и кадата е одлично место за уживање после напорниот работен ден.
М. С. | Црнобело