Чувствувајте се како ѕвезди: Изнајмете некој од најлуксузните пентхауси низ светот (фото)
Luxury Mountain View Penthouse, Рејкјавик, Исланд
Лоциран во срцето на Рејкјавик, пентхаусот нуди топло добредојде со поглед на градот и планините. Собира 10 лица и е идеален за групни прошетки на поголеми друштва.
Centro Penthouse, Рим, Италија
Мешавина од старо и ново, баш како и самиот град. Кујната е импресивна, бањите се модерни, а дрвениот под дава ретро шмек. Гостите може да уживаат во оброци со поглед на градот од терасата.
Palms Place Penthouse, Лас Вегас, Невада
Пентхаус во кој оригинално ќе го доживеете Лас Вегас, на 150-метри висина од земја, со стаклени ѕидови и бесконечен базен.
Averi Penthouse, Мелбурн, Австралија
Внатрешноста е отворена и просторна, а терасите нудат панорамски погледи. Спалните соби се со стаклени ѕидови кои исто така ја подобруваат атмосферата во секој дел од денот.
Two Story Penthouse, Сиетл, Вашингтон
Точно во средината на Сиетл, овој пентхаус вклучува огромни кревети, плус пристап до базен, топло џакузи, сауна и сала за фитнес.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





