Животот во 26 метри квадратни (фото)
- Детали
- недела, 04 септември 2016
Што се 26 m2? За некои тоа е квадратура на една поголема соба, а за други тоа е цел дом.
Она кое ги прави малите станови неодоливи е тоа што самата ограниченост на простор ги става на тест дизајнерите и архитектите, па тие излегуваат со генијални идеи за заштеда и оптимизирање на просторот.
Без разлика дали живеете сами или со некој друг, дали имате стан од 20 или 50m2, идеите кои ќе ги најдете во овој стан може да бидат одлична инспирација како да го уредите домот или да ја зголемите неговата функционалност.
Малата површина не нуди можност за многу измени на просторот. Станот вклучува една не толку голема соба и бања.
Сепак, со фини визуелни ефекти и добар избор на мебел, бои и текстури, недостатокот на простор е делумно надминат.
Основните бои во ентериерот се бела, црна и сива, а портокаловата е избрана како специфичен детаљ кој го освежува просторот.
Белата боја дава свежина и визуелно го зголемува просторот, одразувајќи сончевата светлина во текот на денот.
Портокаловите акценти даваат динамика во животниот простор, кој и покрај ограничените димензии, прави да се чувствувате пријатно.
М. С. | Црнобело