Ве водиме на прошетка низ најубавите библиотеки во светот
- Детали
- среда, 12 февруари 2014
Студените зимски и врнежливи денови најчесто ги поврзуваме со шолја чај, добра книга и удобно катче за сместување.
Местата кои ги спојуваат книгите, естетски прекрасниот ентериер и топлата атмосфера се сон на секој љубител, па затоа оваа прошетка е посветена токму на нив.
Земете си топла шолја чај и низ само неколку фотографии обиколете ги најубавите библиотеки во светот:
1. Nigella Lawson'Private, Лондон
Сместена во западниот дел на Лондон, оваа библиотека е сопственост на британска писателка, готвачка и водителка на успешно кулинарско шоу. Од подот, па до плафонот е исполнета со милиони наслови помеѓу кои се наоѓаат 6.000 кулинарски дела.
2. Admont Abbey, Австрија
Изградена е во дамнешната 1776 година и е најголемата манастирска библиотека во светот. Изгледа неодоливо затоа што неверојатно потсетува на библиотеката од филмот на Дизни „Убавицата и ѕверот“, а во неа се сместени повеќе од 200.000 книги.
3. George Peabody, Балтимор
Оваа библиотека е подарок од George Peabody, еден од најбогатите жители на градот Балтимор. Неговиот гест од благодарност денес се претворил во светска атракција која мора да ја посетите.
4. The Walker Library of the History of Human Imagination, Конектикат
Уште една приватна библиотека која содржи повеќе од 20.000 наслови чија заедничка тема е неограниченоста на креативниот човечки ум. Совршена целина составена од висечки платформи и светлечки стаклени панели.
5. Приватната библиотека на Diane von Furstenberg
Една од најпознатите модни дизајнерки на денешницата, Diane von Furstenberg, освен успешната кариера поседува и импресивна библиотека која претежно содржи модерна литература. Во комбинација со art deco мебелот, книжевната целина добива посебен шарм.
6. The Austrian National Library, Виена
Најголемата библиотека во Австрија е совршен пример за грандиозност и величествена архитектура. Оваа библиотека е дом на повеќе од 7 милиони книги и предмети со историско значење.
7. Приватната библиотека на Karl Lagerfeld, Париз
За Karl Lagerfeld може да се раскажува многу, а големата љубов кон модата и уметноста се општо познат факт. Од тие причини, во неговиот стан во Париз е сместена една од најголемите приватни библиотеки која брои 60.000 наслови поврзани со модата и уметноста.
8. Beinecke Rare Book and Manuscript Library, Јеил
Библиотеката на еден од најпознатите универзитети е дело на врвен, наградуван архитект, а минатата година истата го прослави своето 50-годишно постоење. Во нејзин состав влегуваат повеќе од половина милион книги со различна тематика.
9. Public Library of Cincinnati
Првично наменета за сала за опера, библиотеката во Синсинати е градена цели 80 години, но станала премала за константно растечката колекција книги кои пристигнувале, па нејзините реновирања и проширувања биле неопходни. Денес, таа е една од најголемите јавни библиотеки во светот.
10. Suzzallo Library, Сиетл
Најпознатата библиотека во Вашингтон дефинитивно е Suzzallo универзитетската библиотеката, која името го добила по Henry Suzzallu кој некогаш бил ректор на овој универзитет. Грандиозната градба е најпозната по огромниот простор со дрвени клупи и топлиот, старински ентериер.