На гости кај Бети: Велигденски украсен дом на Македонка во Швајцарија - со смирени и природни тонови (фото)
- Детали
- недела, 20 април 2025
„Оваа година мојата велигденска декорација ја насочив кон нешто посмирено и природно. Наместо вообичаените светли и весели бои, се одлучив за земјени тонови кои внесуваат топлина, стабилност и чувство на прибраност“, вели Бети Алексовска за CRNOBELO.com.
Бети Алексовска е Македонка која живее во куќа на 3 ката од 240m2 во централна Швајцарија, а секоја година нејзиниот дом во овој период од годината се претвора во велигденска бајка.
Бети, мајка на три деца, вели дека омилен период од годината ѝ е празникот Велигден.
За декорацијата во домот годинава таа за CRNOBELO.com споделува:
„Оваа година мојата велигденска декорација ја насочив кон нешто посмирено и природно.
Наместо вообичаените светли и весели бои, се одлучив за земјени тонови кои внесуваат топлина, стабилност и чувство на прибраност.
Пастелните нијанси се тука, но овој пат не се во центарот на фокусот.
Им отстапив простор на природните материјали и бои, инспирирани од земјата, дрвото и едноставноста.
Мотивирана од потребата за мир, баланс и топлина во домот, велигденскиот декор годинава ја раскажува приказната на една поинаква пролет - потивка, но длабоко значајна“.
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





