На гости кај Вера: Стан од 100m2 во центарот на Скопје, со мебел од резбано дрво (фото)
Веднаш до кујната се наоѓа и трпезаријата, која исто така е во светли бои и создава пријатна атмосфера за семејните оброци.
Помеѓу кујната и трпезаријата има мал, стилски уреден шанк кој е украсен со три црни лустери – совршен детаљ, што додава модерност и карактер.
Мојата соба е моето мало катче на мирот, просторот каде што можам да бидам своја и каде што се раѓаат многу идеи.
Тука ги планирам и снимам моите содржини за социјалните мрежи, но исто така ја користам и како место за одмор и инспирација.
Уредена е во стил што ми одговара на личноста, со удобен кревет, работно биро и детали што ја прават уникатна.
Во нашиот дом има две бањи, секоја со свој уникатен стил.
Едната е во кремасти тонови, што ѝ дава топол и елегантен изглед, додека другата е во сиви нијанси, што создава модерен и смирен амбиент.
Двете се опремени со сите неопходни елементи за максимална удобност и релаксација.
Последниот дел од нашиот стан, но не и помалку важен, е терасата. Тука обожавам да поминувам време, особено наутро, со шолја кафе во рацете, уживајќи во свежиот воздух.
Уредена е со природни елементи – камен и цвеќиња, кои ѝ даваат пријатен и освежувачки изглед.
Ова е местото каде што можам да се опуштам, да прочитам книга или едноставно да уживам во мирот.
Мојот дом е многу повеќе од само ѕидови и мебел. Тој е место исполнето со љубов, топлина и спомени што траат засекогаш“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





