На гости кај Вера: Стан од 100m2 во центарот на Скопје, со мебел од резбано дрво (фото)
- Детали
- сабота, 08 февруари 2025
„Дневната соба е омиленото место на целото семејство. Главниот фокус е кожeната гарнитура. Просторијата е декорирана со златни детали и украсни елементи, што едновремено создаваат луксузен и пријатен амбиент“, вели Вера Грошевска (23), менаџер за продажба и маркетинг.
Вера Грошевска (23), менаџер за продажба и маркетинг во интернационална компанија и контент креатор на социјалните мрежи, живее во стан од 100m2 во центарот на Скопје со нејзините родители и сестра ѝ.
Таа вели дека нејзиниот дом е нејзиното мало царство од каде црпи енергија и каде ѝ се раѓаат креативни идеи.
Вера за уредувањето на домот, споделува за CRNOBELO.com:
„Станот се состои од долг влезен ходник со вграден плакар, голема дневна соба, кујна и трпезарија, 3 спални соби, 2 бањи и тераса.
Мојот дом е вистинско огледало на нашата семејна хармонија, место каде што секој агол носи убави спомени, а секоја просторија има своја посебна приказна.
Тука живеам со моите родители и мојата сестра, и заедно сме го уредиле со многу љубов, внимание и најразлични идеи, правејќи го топол и удобен простор во кој секогаш се чувствуваме пријатно.
Во ходникот одлучивме да поставиме вграден плакар, кој собира многу повеќе работи, отколку обичен плакар, што ни овозможи да го искористиме просторот на најдобар можен начин.
Големото огледало, кое доминира во овој дел, беше моја идеја – совршено за брзо проверување на изгледот пред да излезам, но и за креативни фотосесии.
Дневната соба е најомиленото место на целото семејство и срцето на домот. Таа е пространа, топла и уредена со голема внимателност.
Главниот фокус е кожната гарнитура која е неверојатно удобна, а веднаш спроти неа се наоѓа голем телевизор, кој го користиме за заеднички семејни вечери.
Просторијата е декорирана со кафени прозорци, златни детали и внимателно избрани украсни елементи, што создаваат луксузен, но сепак пријатен амбиент.
Подот низ целиот стан е покриен со квалитетни плочки, што ни овозможува и лесно одржување и модерен изглед.
Кујната, пак, е вистинското срце на домот, просторија во која се подготвуваат највкусните јадења и каде што често поминуваме време заедно.
Одлучивме да ја уредиме во светли тонови, бидејќи тие внесуваат свежина и чувство на чистота.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





