На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото)
Софата е од бафало кожа, која од година во година станува сè поудобна за седење.
Во дневната имаме доста украси, но би го издвоила ѕидот од цигли кој го обожавам.
На скоро секое ќоше имаме пампаси, што докажува дека ми се омилени.
Одгледувам и цвеќиња, кои преферирам да бидат само со темно зелени листови.
На десетина квадрати имаме детско катче, кое од минута во минута го менува својот изглед.
Морам да го пофалам мојот син, кој педантно го одржува изгледот на својата соба и не му е воопшто тешко да го прави тоа.
Убавините на Скопје ни се пред очи преку големите прозорци, кои ги имаме насекаде. Го обожавам погледот кој смирува.
Во тоалетот фокусот е на кружното огледало со лед“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело