На гости кај Маги Медичи: Стан во Скопје со ретро современа естетика и готски призвук (фото)

Низ мојот дом, ретро современата естетика со готски призвук создава волшебна и визуелно впечатлива средина, која многу сакам да остави траен впечаток кај сите што влегуваат. А гости редовно имам и многу ми е важно да се чувствуваат пријатно, како дома.

Централно место на безвременската елеганција: Мермерната масичка за кафе.

Во срцето на дневната соба, неверојатната мермерна масичка за кафе стои како доказ за безвременската елеганција. Таа е елегантна и софистицирана.

na-gosti-kaj-magi-medichi-stan-vo-skopje-so-retro-sovremena-estetika-i-gotski-prizvuk-foto-13.jpeg

Многу лутав додека не најдов нешто што ќе одговара на стилот, и ми беше најважно да имам перфектна масичка. За мене тоа е многу важно парче мебел-детаљ, а воедно и мој омилен.

Мазната, ладна површина на мермерот им дава елеганција на убавите украси.

Оваа масичка за кафе е уметничко дело кое го издигнува целокупниот амбиент на просторот. И затоа ми беше важно да е совршена.

na-gosti-kaj-magi-medichi-stan-vo-skopje-so-retro-sovremena-estetika-i-gotski-prizvuk-foto-14.jpeg

Јас верувам дека стилот е во деталите, па покрај готските канделабри кои даваат драматична и интересна атмосфера на просторот, омилени ми се и нежните стаклени вазни-свеќници со неколку проѕирни форми, кои го рефлектираат топлиот сјај и создаваат чувство на етерична елеганција.

na-gosti-kaj-magi-medichi-stan-vo-skopje-so-retro-sovremena-estetika-i-gotski-prizvuk-foto-09.jpeg

Овие волшебни парчиња не само што ми ја осветлуваат просторијата, туку служат и како прекрасни декоративни елементи, беспрекорно комбинирајќи ја ретро современата и готската естетика.

Сè што е во просторот се надополнува едно со друго.

Ми создаваат нервоза несредени и натрупани домови, па затоа секогаш се стремам да е украсено со вкус, смирени бои, и да е сè на свое место.

na-gosti-kaj-magi-medichi-stan-vo-skopje-so-retro-sovremena-estetika-i-gotski-prizvuk-foto-07.jpeg

Сметам дека домот го отсликува и умот. Таа ми беше идејата и целта кога го замислував идеалниот хармоничен дом за живеење“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg