На гости кај Марјан Бранко во Влае: Стан од 47m2 уреден со цигли, рустични детали и минимално осветлување (фото)

„Сандакот помеѓу двоседот и фотелјата е парче старо повеќе од 70 години, нерепариран, само заштитен со мат лак. Тука се и кожената торба за патување која е стара 40-тина години, радио од 1957 година и хармоника стара околу 50 години, но и гитарата која ми е подарок, а е купена во некоја заложна куќа во Њујорк“, вели Марјан Бранко за неговиот стан кој се наоѓа во населбата Влае во Скопје.

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-01.jpg

Марјан Бранко живее на релација Скопје-Куманово-Севиља, а работи во ИТ компанија во Севиља, Шпанија, како менаџер за бизнис развој.

Станот во кој поминува најмногу време се наоѓа во Скопје, во населбата Влае, и има 47m2.

И покрај тоа, делува многу пространо, а во ентериерот доминираат циглите, дрвото и темните бои.

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-19.jpg

Уреден е по желба на Марјан, а тој за CRNOBELO.com вели дека инспирација му биле честите патувања и сето она што го видел надвор од земјава.

Во овој стан неодамна се снимаше и спотот за песната „

View this post on Instagram

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-02.jpg

За тоа како е уреден станот, прочитајте што открива Марјан Бранко:

„Уредувањето на станот всушност е комбинација од впечатливите ентериери кои сум ги видел низ светот на моите чести патувања и сум ги запомнил, но и од мојот карактер, кој некако најдобро се снаоѓа и чувствува сместен во простор со темни бои и минимално осветлување.

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-03.jpg

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-12.jpg

Станот, во договор со инвеститорот, го зедов ’на цигла‘ за да можам комплетното внатрешно уредување (струјни места, вода, избор на материјали, ѕидови, плафони, паркет, елементи за во бањата, бојата на столаријата и внатрешните врати) самиот да си ги сработам.

Околу изготвувањето на техничкиот план, односно спецификацијата на местата каде што ќе се постават струјата и водоводните точки, како и на одредувањето на димензиите на мебелот, имав помош од архитект.

Самиот ентериер е комплетно моја идеја. Имав среќа што имам добар пријател архитект, кој потполно ’ми ја прочита‘ идејата и успеа истата да ја преточи во конкретен избор на бои, материјали, димензии, квалитет и дизајн на мебелот.

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-06.jpg

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-11.jpg

Ѕидовите се комбинација од цигла, бетон техника и црна боја.

Плафоните се во оригинално издание, само се избрусени за да бидат исчистени од остатоците од бетон и на крај премачкани со мат лак.

Сликите на ѕидовите се комбинација од COCO Maison принтови, рачно исцртано парче Исус Ника и комбинација од приватни фотографии, врамени во една поголема фотографија.

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-18.jpg

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-07.jpg

Сандакот помеѓу двоседот и фотелјата е парче старо повеќе од 70 години, нерепариран, само заштитен со мат лак.

Од парчињата кои се дел од севкупниот ентериер се кожената торба за патување, стара 40-тина години, радио од 1957 година и хармоника стара околу 50 години.

Тука е и гитарата која ми е подарок, а е купена во некоја заложна куќа во Њујорк, потоа калапи за чевли кои ги имам во поголем број и шлемовите како задолжителна опрема со која го возам мојот Harley Davidson.

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-14_copy.jpg

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-08.jpg

Не ми е баш лесно да се определам за омилениот простор во станот. Можеби тоа е кујната која често ја користам, бидејќи готвењето е мојата нова пасија во која уживам.

Но, може да е и моето работно ќоше каде поминувам поголем дел од денот.

Или тоа да е мојот хај-фај, аудио и видео 'сетап', којшто ’е во погон‘ 18/7, бидејќи полека ја преслушувам мојата џез архива во која има преку 6.000 ЦД-а, прегледувам џез концерти кои ги имам преку 400 или, пак, уживам на крајот од денот во некој од преку 800-те филмови од архивата која ја поседувам“.

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-04.jpg

na-gosti-kaj-marjan-branko-vo-vlae-stan-od-47m2-ureden-so-cigli-rustichni-detali-i-minimalno-osvetluvanje-foto-09.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На кафе и локумче: „OUD“ - кафуле во Старата скопска чаршија со ретро килим и кул графит Aко ја сакате магијата на Старата скопска чаршија, тогаш и овој локал ќе најде м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg