На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен, мини кино и теретана“
Дневната соба е пространа, со тавани кои потсетуваат на катедрала, прекрасен камин од камен, прозорци од подот до таванот, што ни овозможува да имаме изобилство од природна светлина во секое годишно време.
Во дневната соба има и лизгачка стаклена врата со 3 панели која води до дворот со базен.
Кујната е реновирана и тука доминираат елементи од масивно дрво и модерни апарати за домаќинството, гранитни површини и голем шанк со сточиња.
Во куќата има предни и задни скали кои водат до второто ниво.
Во спалната соба има 2 големи вградени плакари, бања со када, но и одвоен дел каде што е поставен само туш.
На горниот кат се и останатите спални соби, во кои се сместуваат гостите.
Во подрумот има неколку простории, кои вклучуваат втора кујна, мини кино, соба за билијард...
Куќата има и голема гаража.
Во дворот на куќата има широка патека во вид на потковица, опкружена со прекрасни цвеќиња, а изработена од природен камен.