На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен, мини кино и теретана“
- Детали
- сабота, 14 октомври 2023
„Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во теретана и канцеларија. Има сауна, мини кино, 2 кујни, базен, џакузи и прекрасен двор во кој ги кажавме нашите брачни завети, а сето тоа е на површина од околу 1000m2,“ вели Васил Гарванлиев за неговиот дом во Чикаго за CRNOBELO.com.
Пејачот Васил Гарванлиев повеќе од една година живее во елитно предградие на Чикаго со неговиот сопруг Џејсон. Тие живеат во голема куќа, на површина од околу 1000m2, изградена 1990-та година во англиски стил, кој е познат и како „Тудор стил“.
Со нив во куќата живеат и нивните три кучиња Есмералда, Кристина и Шерон.
Иако куќата во која денес живее Васил претходно веќе ја уредил Џејсон, Гарванлиев вели дека и тој самиот внел дел од својот стил, како и детали кои само го дополниле импресивниот простор.
За својот дом во Чикаго, Васил откри детали во разговор за CRNOBELO.com:
„Ако треба со еден збор да ги опишам моите чувства за Џејсон, тој е ‘мојот дом’. Да, ‘домот е таму каде што е срцето’, а јас живеев како номад последните 20 години.
Во многу различни градови и места секогаш одново градев дом, но уште кога го запознав Џејсон, знаев дека со него конечно најдов вистински дом.
Живееме во Чикаго, а нашата куќа е изградена во ‘Тудор стил’ во 1990 година, но сè уште има работа за да се доврши.
Најдобриот дел од целата приказна е дека ние си го кажавме судбоносното ‘да’ во нашиот двор, под дрвото кое сега си го викаме нашето брачно дрво.
Двајцата имаме различни стилови и гледишта.
Џејсон го привлекува миксот од традиционалното со модерното, а јас сум повеќе љубител на минимализмот со фокус на модерниот стил.