Фенг Шуи: 7 билки кои привлекуваат позитивна енергија

Домот е продолжеток на духот и телото на човекот, па, кога вложувате во животниот простор, всушност вложувате во самите себе.

feng-shui-7-bilki-koi-privlekuvaat-pozitivna-energija-1.jpg

Според експертите во ова поле, одредени билки ја промовираат позитивната енергија и пружаат чувство на секојдневна благосостојба, многу повеќе од останатите.

Со нивно додавање во домот, не само што ќе ја намалите негативната енергија во амбиентот, туку и ќе внесете моќна сила што вашето секојдневие ќе го направи далеку попријатно.

За таа цел, ви ги претставуваме седумте билки чија делотворност можете да ја проверите уште веднаш:  

Рузмарин

Рузмаринот ја привлекува љубовта и поттикнува страста. Поседува својства на чистина и заштита, а истовремено го помага закрепнувањето, ја стимулира меморијата и подобрува расположението. Покрај примената на свеж рузмарин во домаќинството, се препорачува и распоредување неколку негови цветови во одредени делови од куќата или станот. На тој начин, ќе се зајакне лојалноста на оние кои ве опкружуваат.

feng-shui-7-bilki-koi-privlekuvaat-pozitivna-energija-2.jpg

Бамбус

Бамбусот симболизира добра среќа и просперитет, а како билка бил користен илјадници години во Азија. Поставете го бамбусот во аглите од собата каде е намалена видливоста, далеку од директните сончеви зраци. Бамбусовото дрво се чува во стаклен сад, со околу еден сантиметар дестилирана или пречистена вода.

feng-shui-7-bilki-koi-privlekuvaat-pozitivna-energija-3.jpg

Нане

Нането е билка на благостојбата. Се верува дека луѓето кои го поседуваат како свежа билка, привлекуваат економски просперитет во својот живот. Воедно, нането е делотворно и за подобрување на комуникацијата во домот.

feng-shui-7-bilki-koi-privlekuvaat-pozitivna-energija-4.jpg

Лаванда

Лавандата може да ја „истера“ депресијата и помогне при контрола на емоциите. Напрскајте ја перницата со мирис на лаванда, за да си обезбедите здрав сон. Оваа мирислива билка ја промовира среќата и хармонијата во домот, обезбедувајќи мир, плодност, посветеност и верност во врските.

feng-shui-7-bilki-koi-privlekuvaat-pozitivna-energija-5.jpg

Орхидеја

Орхидејата ја привлекува позитивната енергија, а истовремено ја поправа постојната енергија во домот, осигурувајќи ги животите на неговите сопственици. Меѓу орхидеите постои широк спектар од бои и форми, а поседуваат мошне слатка и пријатна арома која го подобрува расположението. Орхидеите испуштаат кислород и прочистуваат воздухот во текот на ноќта, така што спалната соба е совршеното место за нив.

feng-shui-7-bilki-koi-privlekuvaat-pozitivna-energija-6.jpg

Јасмин

Јасминот привлекува парична сигурност и љубов во животниот простор. Воедно, маслото од јасмин е познато и како еден од најмноќните афродизијаци. Препорачливо е оваа билка да се чува во спалната соба, или, пак, во сите простории каде љубовните двојки споделуваат најголем дел од своето време. На тој начин, ќе ја привлечете позитивната енергија која ја зајакнува врската и гради романсата.

feng-shui-7-bilki-koi-privlekuvaat-pozitivna-energija-7.jpg

Алое вера

Алое верата  ја нарекуваат кралица на лековитите билки. За неа се смета дека е најмоќната билка за борба против лошите вибрации.  Позната е и по привлекувањето напредок и позитивна енергија, каде и да се наоѓа во домот. Многу луѓе веруваат дека алоето е најактивно дури расте, и дека во тој период на развој привлекува најповеќе добра енергија.

feng-shui-7-bilki-koi-privlekuvaat-pozitivna-energija-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Три пролетни цвеќиња кои внесуваат среќа во домот Свежите цвеќиња сами по себе носат пријатно чувство, но доколку решите да внесет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg