Зошто треба да ставите неколку чкорчиња во саксијата со цвеќе?
Собните билки не само што додаваат комфор и топлина во вашиот дом, туку и ја зголемуваат концетрацијата на кислород во просторот.
Но, за жал, не е реткост билката да почне да вене од необјасниви причини. За тоа може да допринесат ситните штетници и мушичките кои е многу тешко да ги забележите со голо око.
За среќа, постои еден едноставен трик кој ви овозможува да се ослободите од овие штетници во саксиите.
За негова реализација ви требаат неколку чкорчиња кои ќе ги боцнете во земјата на оддалеченост од околу 5 сантиметри од работ на саксијата. Потоа полијте го цвеќето со малку вода.
По 2 дена, заменете ги чкорчињата и повторете ја постапката. За 4-5 дена цвеќето ќе биде ослободено од било какви штетници.
М. Д. | Црнобело