Во градината на Викторија: „Син ми обожава да ми помага, си готвиме манџи од свежо набрани продукти“
Оваа година беше тест за нас во тие планински услови, со оглед на пеколните горештини и повремените невремиња, проследени со многу ветер и град.
Садењето го започнавме кон крајот на месец април. Секако. заедно со син ми, кој обожаваше да копа и да го посее семето.
Успешно и со многу љубов одгледуваме: домати - јабучари, шери домати, пиперки, краставици, рукола, моркови, ротквици, блитва, млад кромид, млад лук, магдонос, нане, босилек, невен, копар, јагоди.
Поради попријатни климатски услови на планина, сè уште се одржува „летната градина“, но наскоро ќе има промени со други продукти.
Ова лето, во Словенија видов љубители на градина кои живеат во стан.
Тие имаа посадено на своите тераси во саксии: шери домати, зачини и слично. Пред неколку години јас го правев истото. Желбата стана реалност со многу труд и љубов.