14 генијални трикови што ќе ви бидат од голема корист
Како да ја заврзете вреќата за ѓубре, како најдобро да ја стоплите вчерашната пица, како да го исчистите блендерот – сигурно ќе ви се најде барем еден од овие одлични трикови.
Обично сме навикнати да ги правиме нештата на одреден начин, но за многу работи постојат и значително полесни и поефикасни начини.
Ако, на пример, сакате да направите две пици, нема потреба да валкате две тави или да чекате да се направи едната па другата – има начин како и двете да ги сместите во истата тава.
14 генијални трикови што сигурно ќе ви се најдат:
Како да заврзете крпа по туширање
За крпата да стои во место, откако ќе ја заврзете на вообичаениот начин, фатете го горниот дел и превиткајте го, како на илустрацијата.
Печената сланина е повкусна со пржената
Сланината има многу масти, па печењето во рерна, за разлика од пржењето во масло, ќе ја направи покрцкава.
Како да заврзете вреќа за ѓубре
Рачките на вреќите за ѓубре не се само за носење, туку и за врзување. Па, врзете ја вреќата за да се осигурите дека ништо нема да ви се истури, но и за да го спречите непријатниот мирис.
Како да го намалите звукот на играчките?
Играчките кои пеат и зборуваат можат да ви предизвикаат вистинска главоболка, но ако ставите самолеплива лента на нивниот звучник значително ќе го намалите звукот.
Како најдобро да ја стоплите вчерашната пица?
Немојте да ја стоплувате пицата во микробранова бидејќи тестото ќе стане влажно. Наместо тоа, ставете ја во тава со малку масло и стоплете ја во рерна.
Како најлесно да ги извадите садовите од машината?
Едноставно, префрлете ја целата решетка од машината на масата и многу полесно ќе ги наредите садовите на нивното место.
Како да ги извадите коските од пилешките крилца?
Фатете ја коската со едната рака, завртете ја и месото веднаш ќе се одвои од неа.