10 грешки поради кои домот секогаш ви изгледа неуредно, дури и кога постојано чистите
Оставате работи на фрижидерот
Без разлика дали станува збор за магнети залепени на вратата или куп сметки оставени на горниот дел од фрижидерот, со ова вашата кујна секогаш ќе изгледа неуредно, особено ако е мала.
Најдобро тргнете сè од фрижидерот или барем оставете само 2-3 магнетчиња.
Чувате стари тетратки, сметки, весници…
Сигурно нема да ви притребаат тетратките од средно или весник издаден пред неколку години, па нема ни потреба да ги чувате.
Ако, пак, имате многу книги, немојте да ги редите по маси и слично, туку купете полица и просторијата веднаш ќе изгледа многу поуредно.
Изложувате многу предмети во кујната
Не само што кујната изгледа натрупано кога има многу предмети, туку го немате и доволниот простор за готвење.
Обидете се да ги скриете сите садови, тенџериња и тави во шкафчињата, а на масата оставете ги работите што ги користите најчесто и кои не можете да ги ставите на друго место, како машина за кафе.
Ги преполнувате гардероберите и фиоките
Немојте да ја чувате целата облека во гардероберот, туку само сезонската.
На пример, бидејќи сега доаѓа зима, веројатно нема да ги носите летните парчиња, па спакувајте ги во вакуум вреќи или што било и тргнете ги настрана за да не ви зафаќаат место. Кога времето ќе се стопли, заменете ја облеката.
Оставате работи покрај креветот
Немојте да ја користите масичката покрај креветот како остава и вашата спална веднаш ќе изгледа поуредно.
Масичката нека ви служи само за неопходни работи, како чаша вода, столна ламба и слично.
Спирова С. | Црнобело