10 грешки поради кои домот секогаш ви изгледа неуредно, дури и кога постојано чистите
Не ги чувате работите на соодветно место, оставате сè во гаражата или шпајзот, масичката покрај креветот ви служи како остава – постојат многу причини зошто вашиот дом постојано изгледа неуредно.
Дали редовно миете садови, метете и бришете прашина, но ви се чини дека вашиот дом никогаш не е среден? Тогаш веројатно правите неколку грешки.
Хигиената во домот е од огромна важност, но ако чувате многу непотребни работи, нема ни да забележите дека воопшто сте исчистиле нешто.
Кои се најчестите грешки поради кои домот ви изгледа неуредно?
Не правите разлика помеѓу чист и добро организиран простор
Чиста просторија и добро организирана просторија можат да бидат две сосема различни нешта. Ако во вашата спална нема прашина, подот е сметен и прозорците се чисти, но има расфрлана облека, тогаш оваа соба е чиста, но не е добро организирана.
Ова значи дека лошото организирање на просторот и трупањето предмети и облека ќе направат собата да изгледа неуредно, без разлика колку сте ги чистеле подовите или прозорците.
Не ги организирате предметите според тоа каде ги користите
Зошто да имате облека во дневната соба ако секогаш се облекувате во спалната?
За да не создавате неред, добро размислете каде ги користите предметите од домот, па ставајте ги таму. Ако, на пример, се шминкате во спалната соба, таму чувајте ги шминките.
Чувате сè и сешто
Некогаш е тешко да се одвоите од предметите кои мислите дека имаат сентиментална вредност, но ако не ни помислувате на нив, тогаш очигледно не ви се многу важни.
Ако забележувате дека просториите во домот се постојно натрупани и никогаш немате место за ништо, добро размислете кои работи вреди да ги чувате.
Соберете ги работите што не сте ги користеле со години, работите што дури и сте заборавиле дека ги имате и видете што можете да донирате, а што треба да фрлите.
Потоа најдете им соодветно место на сите работи што ќе останат и потрудете се секогаш да ги враќате таму. Со ова значително ќе го намалите нередот во домот и ќе трошите помалку време на чистење.
Заборавате на гаражата/шпајзот
Ако сте како повеќето, сигурно имате навика да ги трупате работите што не ви требаат во шпајзот или гаражата.
Внатре сигурно имате и работи што ви се потребни, но најверојатно поголемиот дел е за донирање или за фрлање.
Па, одвојте време да ја средите гаражата или шпајзот и веднаш ќе ослободите многу повеќе простор за складирање работи што навистина ви требаат.
Ставате премногу украси на ѕидовите
Ѕидните украси се одличен начин да ја освежите просторијата, но внимавајте да не претерате.
Ако закачите еден куп слики, фотографии и какви било украси, просторијата ќе биде „задушена“ и ќе изгледа натрупано дури и кога ќе ја средите.