9 работи заради кои домот ви изгледа валкано и неуредно и покрај тоа што сте чистеле
Соларниците ви се масни
По секое раскревање на масата, пред да ги вратите соларниците и зачините на место, прво избришете ги, бидејќи сигурно некој ги допрел со нечисти и масни раце.
Каблите ви се несредени
Полесно е кога имате оставено по некој полнач во секој штекер и кога продолжениот кабел ви е на дофат, но каблите по домот прават дополнителен неред.
Шминката ја чувате неуредно
Не е доволно само да купите кутија во која ќе ви стојат шминките, ако во неа не водите никаква хигиена, никогаш не ја чистите, не ги затворате добро пакувањата и слично. Буквално секоја ситница треба да се чисти на одреден период.
Чувате стари сунѓери за бањање
Овие продукти по одреден период стануваат извор на бактерии, па менувајте ги многу почесто наместо да ги таложите старите на куп.,
М. М. | Црнобело