Трикови и совети како компјутерот да ви собира помалку прашина
Без оглед на тоа колку често го користите и одржувате софтверски, најголем непријател на сите компјутери и латопи е прашината која реално не ја ни гледаме.
Што да направите за темелно да го исчистите компјутерот/лаптопот?
- Чистете го екранот исклучиво со микрофибер марамчиња. Избегнувајте влажни или какви било други марамчиња кои не се наменски.
- Надворешноста и тастатурата чистете ги со течности кои не содржат алкохол, амонијак или ацетон. Добра би била мешавината од бел оцет и вода. Може да побарате и специјални течности.
- Крпата со која го чистите лаптопот или компјутерот никако не смее да биде потопена во средство, туку само малку влажна.
- Издувајте ја прашината од тастатурата со фен.
- Истото може да го направите со рачна правосмукалка.
- Со правосмукалка редовно чистете го и куќиштето, посебно во деловите кои се тешко достапни и деловите кои имаат дупчиња.
- Чистете ја тастатурата најлесно како на сликата - со помош на нож за мачкање кој не е остар и крпче за бришење на очила:
М. Д. | Црнобело