10 предмети што треба да ги чистите секојдневно, а не го правите тоа
Далечински управувачи
Истражувањата покажале дека далечинските управувачи се едни од највалканите предмети во домот.
Прекинувачи
Ако сте како повеќето, сигурно не ни помислувате да ги исчистите прекинувачите во домот. Но, и тие се едни од повалканите предмети, па не треба да ги изоставите.
Мијалник
Секој ден го користите мијалникот во тоалетот за миење заби и раце, па овде лесно се собираат секакви бактерии.
Четка за заби
На четката можат да останат остатоци од храна, а бидејќи повеќето луѓе ги чуваат четките „на отворено“, тие стануваат совршено место за развој на бактерии. За добро да ја исчистите четката, доволно е да ја оставите да отстои малку во антибактериско средство за плакнење уста.
Прозорци
Нема потреба секојдневно да ги чистите прозорците, но добро би било да ја исчистите рамката, односно долниот дел каде што се собира прашина, полен и разни нечистотии од надвор.
Спирова С. | Црнобело