Домаќински трик: За што може да го искористите детскиот базен?
Детскиот базен добива втора намена – откако децата ќе завршат со играње, искористете го за брзо и лесно перење на теписите.
Домаќинките имаат трикови со кои си го олеснуваат секојдневието, а овој ќе ви се најде на сите летово.
Ако не сакате да ги носите теписите на перење, а немате како во домот цели да ги исчистите, детскиот базен ќе ви послужи како „корито“ за перење теписи.
Чистењето со правосмукалка и поминувањето со влажна крпа не е доволно за темелно да се исчистат теписите.
Наполнете го базенот со ладна вода, ставете го тепихот внатре, разгазете се насекаде врз него и оставете да отстои 30-тина минути. Може да ставите и универзален детергент, а потоа оставете го тепихот добро да се исуши.
М. М. | Црнобело