Изгубено или спасено време: TikTok трик за миење на овошјето и зеленчукот во машина за садови
Додека повеќето ги миеме овошјето и зеленчукот едно по едно или ги киснеме во сад со вода, оваа жена ги реди во машина за садови и ги мие сите одеднаш – вреди ли трудот?
Некои луѓе не сакаат да губат непотребно време, па оваа жена наместо да мие едно по едно, ги става сите зеленчуци и овошја во машина на брз режим на перење.
На TikTok таа објавила видео од постапката која вели дека ѝ спасува многу време.
На горниот дел ги реди овошјата како јаболка, киви, грозје и авокадо, а на долниот дел поголемите плодови како диња и ананас и малите плодови како малини и боровинки, ставени во пластични садови.
Наместо таблета за перење садови, става бел оцет и одбира брз режим на перење.
Иако според многумина ова спасува време, сепак има и такви кои мислат дека е губење време во редење, но и ризично за малите плодови кои може да се распрскаат насекаде.
Што мислите вие? Би го пробале ли ова?
@smilelop ##cleanvegetables ##cleanfruit ##tiktoktips ##vinegar
♬ PONETE ASÍ - melojnico
M. M. | Црнобело