Покрај тоалетот, кои се највалканите места и предмети во домот?
Кафемат
Сигурно секогаш наоѓате причина за да го избегнете темелното чистење на кафематот, но и тој е предмет со многу бактерии.
Не заборавајте дека бактериите од него можат да завршат и во вашето кафе.
Кујнски мијалник
И вашиот мијалник е повалкан отколку што мислите. Причината е што покрај садови, во него сигурно миете и храна, па ако остане нешто, бактериите имаат со што да се хранат.
Даски за сечење
На даските за сечење има гребаници од ножот кои лесно се полнат со храна, затоа и тие се погодно место за бактерии.
После секоја употреба, исчистете ја даската со мешавина од оцет и вода, а потоа исплакнете ја со жешка вода.
Држачи за четки за заби
Бидејќи на држачите има влага, и овде се создаваат многу бактерии. А, сигурно не сакате некои од нив да завршат на четката за заби.
Сунѓери
Веќе напоменавме дека сунѓерите се највалканиот предмет во домот. Најдобро е да го менувате сунѓерот на секои две недели, или темелно да го исчистите со раствор од оцет и вода.
Спирова С. | Црнобело