Кои места во домот треба први да ги дезинфицирате?
Кои површини во домот се „најризични“, од каде да започнете со чистење?
Кога пристапувате кон дезинфекција на домот клучно е да знаете со кои површини да започнете.
Нема потреба од паника и стрес, само со добра организација и соодветни одлуки ќе имате ефикасно чистење.
Вирусот може да преживее неколку часа на тврдите површини, па затоа секојдневните предмети од вашиот дом може да бидат предизвикувачи на инфекција.
На кои места треба да им обрнете посебно внимание при дезинфикацијата:
Работни површини
Кваки од врати
Рачката на фрижидерот
Чешмите
Телефоните
Тастатурата од комјутерот
Масичките до креветите
Неколку совети плус:
- Користете антибактериски спреј или антибактериски марамици за една употреба и носете гумени ракавици за да не ја изложувате кожата.
- Рачките од вратите бришете ги редовно, но кога сте надвор од домот отворајте ги вратите со лакти.
- Проветрувајте ги редовно собите и не допирајте ги личните предмети на другите луѓе.
- Менувајте ги крпите во кујната и тоалетот барем на 2 дена и сушете ги добро по користењето.
С. С. | Црнобело