Чевли што лошо мирисаат и уште 8 работи за кои сапунот е „лек“
Сапун и масло против инсекти
Ако сакате да ги заштитите вашите растенија од инсекти, измешајте четвртина шолја течен сапун и полна шолја зеленчуково масло.
Смесата е како концентрат, па земете една лажица од неа и измешајте ја со 4 шолји вода. Ставете го средството против инсекти во шише со распрскувач и нанесувајте на растенијата еднаш неделно.
Сапун против убод од комарци
Се верува дека сапунот може да го ублажи чешањето од комарци. Сè што треба да направите е да ставите малку влажен сапун на каснатото место.
Сапун за чисти нокти
Ако работите во градината и сакате да го спречите влегувањето на земја под ноктите, повторно можете да употребите сапун.
Пред да почнете со работа, изгребете го сапунот со ноктите, така што дел ќе остане под нив. На овој начин, сапунот ќе го спречи влегувањето нечистотии, а кога ќе си измиете раце ќе се раствори.
Свежа облека
Завиткајте еден сапун во парче материјал и ставете го во гардероберот или фиоката.
Сапунот ќе ги апсорбира непријатните мириси и ќе делува како освежувач.
Собирање скршено стакло
Ако немате правосмукалка, а сте скршиле нешто стаклено, можете да ги соберете срчите со сапун. Се разбира, откако ќе средите, фрлете го сапунот.
Спирова С. | Црнобело