Чевли што лошо мирисаат и уште 8 работи за кои сапунот е „лек“
Сапунот е средство за лична хигиена што се користи со векови. Се верува дека дури и древните Египќани имале средство кое наликува на модерниот сапун.
Но, овој продукт не е само за миење раце и бањање. Сапунот можете да го користите за безброј работи, за кои сигурно не сте ни помислиле.
Па, погледнете кои секојдневни проблеми можете да ги решите со најобичен сапун:
Освежувач за чевли
Ако сакате вашите чевли да мирисаат убаво, во нив ставете по еден сапун. За најдобри резултати, оставете го сапунот да отстои преку ноќ.
За ефектот да трае подолго, повторувајте ја процедурата 2-4 пати неделно.
Средство против замаглување стакло
За да го спречите замаглувањето на огледалото во тоалетот или на стаклото од туш кабината, „премачкајте“ го со сапун. Важно е да не додавате вода.
Ако на стаклото останат траги, отстранете ги со сува крпа.
Заглавен патент
Зарем има нешто полошо од тоа да ви се заглави патентот пред излегување? И во овој случај, сапунот многу ќе ви помогне.
Сè што треба да направите е да го премачкате патентот со сапун од двете страни и обидете се да го придвижите, но нежно.
Крцкање на вратите
Ако имате врати, фиоки и слично кои крцкаат, можете да ги средите со сапун.
Сапунот ќе делува како лубрикант, па крцкањето би требало да престане, или барем да се намали.