Колку долго испраната мокра облека смее да стои во машината?
За облеката да биде чиста и да мириса пријатно, треба веднаш штом се испере да ја извадите од машината и да ја ставите да се суши. Но, честопати брзаме, или ја пуштаме навечер кога ќе си легнеме, па не стигнуваме да ги постелиме алиштата.
Предолго задржување на облеката во бубањот на машината за алишта може да предизвика непријатен мирис.
Ова го потврдува и вработен во компанијата Whirlpool:
„Мократа облека може да остане во машината најмногу 8 до 12 часа“.
„Клучно е да користите квалитетни детергенти и често да ја чистите машината“.
Се препорачува барем еднаш во месецот да ја пуштите да работи на 90 степени без облека во неа.
Доколку забележите непријатен мирис, може да е знак дека бактериите и габите почнале да се размножуваат. Во овој случај, потребно е алиштата да се исперат повторно.
Прочитајте и зошто не се препорачува да ги перете алиштата на 30 и 40 степени.
Е. П. | Црнобело