6 чекори за лесно чистење на плотната без да ја изгребете
Чистењето на рамната плотна на шпоретот може да биде сериозен предизвик, со оглед на тоа што се работи за површина која е подложна на лесни гребаници.
Не смее да користите абразивни крпи и сунѓерчиња, како и силни средства.
Ова нека ви биде краток водич во 6 чекори:
1. Наполнете еден сад со топла вода и ставете течно средство за миење на садови. Направете пена.
2. На плотната ставете сода бикарбона.
3. Натопете една крпа во садот со разреден сјај и исцедете.
4. Натопената крпа ставете ја преку плотната со сода бикарбона и почекајте 15 минути.
5. Потоа со влажната крпа пребришете ја плотната, а потврдокорните дамки благо протријте ги со влажно сунѓерче. Никако не ја користете зелената мрежичка.
6. Не заборавајте дека копчињата чувствителни на допир треба да ги избегнувате, поради сензорите.
М. Д. | Црнобело